Македонија 16. мај 2019. / 09:39

Петрит Сарачини: Снимката за Павле е сечена, лепена и монтирана!

Петрит Сарачини: Снимката за Павле е сечена, лепена и монтирана!

Активистот Петрит Сарачини, кој е ангажиран во пи-ар службата на Владата, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски за аудио-снимката.

Иако и самиот Богоевски ја потврди автентичноста, сепак Сарачини, во колумна за Цивил Медиа, тврди дека станува збор за сечена, лепена и монтирана снимка.

– Бај д веј, прашајте секој поупатен во аудио обработка, оваа снимка е сечена. Меѓу пцовката и „нарачката“. Чудно како тоа не го забележа нашата преупатена јавност и експерти.

А, тој што ја сечел, морал да ги спои, односно „лепи“ двата дела, без „грамот“. Од тоа што се нашло. За снимката да биде цела. Тоа повлеквиТ процес што во продукцијата се нарекува – монтирање.

А кој тоа сече, лепи и монтира? Од каде ли ни беше тоа познато? Кому фали грам? Е, тие заклучоци, Младиќот остава на вашата пребујна фантазија и ум сами да си ги донесете, пренајлични мои. – пишува Сарачини.

Целиот коментар на Сарачини може да го прочитате ТУКА.

Инаку вчера јавноста бурно реагираше откако и самиот Богоевски призна дека нарачува дрога во такси. Оставка од него побараа огромен број на граѓани, меѓу кои и новинарот и уредник на Слободен печат Бранко Героски, адвокатите Јанаки Митровски и Александар Тортевски, како и функционери на СДСМ.