Македонија 21. јануари 2021. / 16:30

Петир се огласи после средбата со Мицкоски и Николоски

Петир се огласи после средбата со Мицкоски и Николоски

Во рамките на својата дипломатска активност претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Загреб остварија средба со пратеничката во Хрватското Собрание Маријана Петир, поранешна пратеничка во ЕП, основач на групата Пријатели на Македонија во Европскиот Парламент.

Денес во хрватскиот парламент разговарав со Христијан Мицкоски и Александар Николоски за односите и соработката на Хрватска и Македонија, европскиот пат на Македонија и поддршката од Хрватска на тој пат, како и мерките преземени во врска со пандемијата на коронавирус за заштита на населението и помагање на бизнисот, истакна таа.