30 годишниот Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос.
На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.