Македонски концепт е иновативен пристап за политичка понуда на политичката сцена во Македонија, во форма на отворен граѓански активизам, вели за Лидер.мк промоторот на концептот Петар Богојески.
Потребата за истото произлезе во услови на недостаток на квалитетна опозициона понуда, особено што раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под целосна контрола на власта, вели тој.
За Македонски концепт во јавноста се врзува иницијативата за промовирање нов политички субјект во делот на десницата. Оттука и дилемата дали Македонски концепт значи неуспех на концептот Едно општество за сите, имаат или не двата концепта разлики или заеднички точки и коие се евентуално тие.
Концептот на СДСМ- „Едно општество за сите“ е илузорен од самиот почеток, за што отворено истакнувам веќе две години. Тој се базира на стариот начин на поимање на нацијата како колективитети, народи и народности, денес преточено во народ и делови од други народи. Македонски концепт го истакнува индивидуализмот, граѓанскиот карактер на нацијата, правниот однос помеѓу граѓанинот и државата. За нас, пред се, е државниот патриотизам. Државата пред се!, потенцира Богојески.