Пет лица од Клиниката за дерматологија се позитивни на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тие пет се регистрирани во новите 29 случаи од изминатото деноноќие.
После 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, на земените материјали тие имаат позитивен резултат. Тоа се колеги и се во добра општа состојба и се практично асимптоматски. Ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација согласно нивната состојба, рече Филипче.
Оваа група е поврзана со симпозиумот кој го организирала и присуствувала директорката на Клиниката за дерматологија, за која се потврди позитивниот тест на коронавирус уште пред две недели.
Од оваа група се тестирани вкупно 30 лица, а позитивни се само овие пет. во следните денови продолжуваат да се тестираат и останатите поделени во групи и сите тие треба да завршат во следните четири до пет денови, рече Филипче.