Македонија 10. август 2019. / 19:34

Пешевски: Јанева со највисока плата во државава и со неверојатна моќ во нејзини раце, ни се намоча на сите!

Пешевски: Јанева со највисока плата во државава и со неверојатна моќ во нејзини раце, ни се намоча на сите!

Како правник, посебно како адвокат со скромни познавања од областа на кривичното право и пенологијата секогаш сум тврдел дека мерката притвор во Македонија често се злоупотребува, во огромен број од случаите е неоснована, на истата се гледа како на казна (за понеупатените е мерка за обезбедување). Е сега колку и да сум бил против паушалното изрекување на оваа мерка, толку обвинителството без мува да го лази си ја барала од судот, а тој ладнокрвно позитиво одлучувал, без да се потруди ни да ја образложи, пишува адвокатот Драган Пешевски на својот Фејсбук профил.

-Тоа е за жал правото кое што се практицира во пракса, но тоа е што е, но болката е што не функционира за сите. Тоа како адвокат, како правдољубец ме вади од кондури!!!
Во случајов рекет, за “специјалната” Катица имаме индиции којшто слеп човек, кој не разбира право, може од авион да ги види, а обвинителството (кое гордо бара притвор за 18 годишник кај кој се најдени 12грама марихуана – измислен случај но не далеку од вистината) уште не и дало статус ни на осомничена. Жената на која и падна товарот да ја врати вербата во правосудството, товарот го однесе со еден хермафродит во Луј Витон ташна. Со највисока плата во државава, со сите повластици што функцијата ги носи и со неверојатна моќ дадена во нејзини раце, што направи. НИ СЕ НАМОЧА НА СИТЕ е тоа!!! Резил не направи, не згрози, го закопа и обвинителството што го води и судството!!!

Нејсе, кажав дека сметам дека најчесто притворот како мерка е неоснован. Е сега не мислам така (за погоре кажаното), напиша Пешевски.