Македонија 30. ноември 2020. / 21:00

Пешевска: Кратовчани вечерва со јасна порака дека историјата е историја и таа неможе да се менува

Пешевска: Кратовчани вечерва со јасна порака дека историјата е историја и таа неможе да се менува

Вечерва бев на протестот во Кратово. Кратовчани вечерва со јасна порака дека историјата е историја и таа неможе да се менува. Она што во моментот го има Бугарија а го нема Република Македонија е заеднички став на сите.

Овие прашања за кој сега за разговара и се договара требаше да бидат прашања по кои сите партии од власта и од опозицијата ќе имаат заеднички изграден став и поставени црвени линии над кој нема да може да се помине.

Со жалење можам да констатирам дека ние како опозиција сме исклучени целосно и сме оставени информациите да ги добиваме исто како граѓаните единствено преку медиумите.

И во една таква ситуација кога опозицијата е обезправена да земе учество во важни процеси за Република Македонија а притоа тие процеси се на штета на нашиот индентитетот и историјата, тогаш решението е улицата. Протести со цел да се чуе гласот на македонскиот народ на кого навистина му е дојдено преку глава од понижувања и виткање на кичма.

Се додека не се запре со штетните политики на грбот на Македонскиот народ, нашето место ќе биде на улиците.

 

Вечерва бев на протестот во Кратово. Кратовчани вечерва со јасна порака дека историјата е историја и таа неможе да се…

Posted by Жаклина Пешевска on Monday, November 30, 2020