Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата за иден шеф на државата, денешниот голем празник го одбележува во кругот на семејството со кое замина во посета на Бигорскиот манастир.
-На денот кога го празнуваме Велигден, празникот на мирот и добрата волја, повикувам на меѓусебно разбирање и слога. Сега како никогаш досега е важно сите да се обединиме и да покажеме дека сме подготвени да одиме заедно напред, заедно кон светла идинина и подобро утре. Честит Велигден! – порача Пендаровски на својот ФБ профил.