Македонија 14. октомври 2020. / 20:20

Пендаровски: Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот за соработка и добрососедство со Бугарија

Пендаровски: Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот за соработка и добрососедство со Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски вечерва на гостување во Телма интервјуто го започна со одговор на вчерашното тврдење на опозицискиот лидер Мицковски дека Захариева му пренела на Османи, Софија и Скопје да потпишат нов договор според кој би требало во уставот да коригираме и да стои дека македонската нација и јазик настанале по 1945 година.

Јас таква информација немам, рече Пендаровски.

Тој појасни дека со шефот на дипломатијата, Бујар Османи, се слушнал завчера кога се вратил од Софија и вчера повторно и министерот Османи не му спомнал никакви сет на предлози како ова дека Софија предлага да потпишеме дека ке го смениме Уставот и ќе ставиме дека како нација и јазик постоиме од 1945 па наваму.

-Нема такво нешто, мислам на некаков договор, повтори председателот и рече дека заедничките комисии ќе се состанат утре и задутре во Скопје околу расчистување на историски несогласности кои Македонија и Бугарија ги имаат со децении.

Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот договор за соработка и добрососедство помеѓу двете држави или некој амандман на тој договор. Тоа што сме потпишале и ние и тие треба да го реализираме, рече Пендаровски.