Македонија 03. март 2020. / 09:11

Пендаровски во увид на состојбата со мигантите: Ќе ги посети војниците на јужната граница

Пендаровски во увид на состојбата со мигантите: Ќе ги посети војниците на јужната граница

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски  ќе изврши обиколка на припадниците на Армијата стационирани на јужната граница на државата.

Kако што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ќе го посети Транзитниот центар кај Гевгелија каде се врши регистрација на мигрантите.