Македонија 05. април 2019. / 19:18

Пендаровски во Пехчево: 900 милиони евра годишно за развој ќе користиме кога ќе добиеме датум за преговори

Пендаровски во Пехчево: 900 милиони евра годишно за развој ќе користиме кога ќе добиеме датум за преговори

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател оствари средба со жителите на Чешиново – Облешево и Пехчево.

Пендаровски рече дека со добивање датум за почеток на преговори со ЕУ државата ќе користиме 900 милиони евра годишно за развој, голем дел за земјоделството, затоа е важно земјата да просолжи напред.

Нема веќе враќање назад, отвораме нови перспективи за младите, сите сложно и заедно да одиме напред.Претходната власт нѐ врати 30 години назад, Груевски не раскара со сите соседи, сега немаме отворено прашање со ниту еден сосед. Ние не бегаме од решавање и на најтешките проблеми. Влезот во НАТО и ЕУ носи безбедност, просперитет и нови работни места. Затоа, да обезбедиме просперитетна иднина за нашите деца и внуци, додаде Пендаровски.