Претседателот Стево Пендаровски престојува во официјална посета на Република Полска.
Како што најавија од кабинетот на Претседателот, во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе има и билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Полска.
За време на официјалната посета на Полска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.