Македонија 21. јуни 2020. / 14:08

Пендаровски: Владата со селективното применуваање на мерките придонесе да се шири вирусот

Пендаровски: Владата со селективното применуваање на мерките придонесе да се шири вирусот

Претседателот Стево Пендаровски даде интервју за Радио Слободна Европа, еве го неговиот одговор на прашањето дали владата потфрли во борбата против епидемијата со корона вирус:

– Како ги оценувате мерките на Владата во битката против коронавирусот? Сведоци сме дека зравствените власти предлагаа одредени мерки, кои владата, сепак, не докрај ги спроведуваше. На пример за верските празници.

На ниво на системски решенија контра пандемијата во нашата држава не се разликуваше многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, повеќе или помалку. Практично јадрото на тоа, на тие политики, на тие мерки, беа препораките на СЗО. Но нормално е дека во држави коишто немаат такви ресурси и држави кои во историска смисла се колку вчера осамостоени, и немаат подолга институционална меморија да ги планираат на стратешки начин следните децении и децении дека ќе се случуваат вакви испади од системот, да ги речам.

Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза.

– Но од верските празници навака, почна тој втор бран за кој сега зборува и министерот за здравство Венко Филипче, така што владата сепак можеше да го спречи тоа.

Се согласувам дека владата можеше. Јас мислам дека делови од владата со тоа што селективно ги применуваат мерките, прописите и законите во однос на верските заедници конкретно мислам дека дополнително придонесоа да се шири вирусот, меѓутоа не можете да ги исклучите од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките.

Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата само, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или неработат.