Македонија 10. мај 2019. / 23:05

Пендаровски утре од ДИК ќе го добие уверението за претседател

Пендаровски утре од ДИК ќе го добие уверението за претседател

Државната изборна комисија, утре на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори и во 12 часот свечено ќе му го врачи уверението за избран Претседател на кандидатот Стево Пендаровски.

Во недела во 12 часот, пак, ќе се одржи инаугурацијата на Стево Пендаровски како петти претседател на Република Северна Македонија. Со тоа ќе заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов кој на таа позиција беше десет години.

Еден до два часа подоцна се планира во претседателската вила Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција.