УБК во наредните неколку месеци треба да се одвои од МВР вели Стево Пендаровски кој е национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.
Пендаровски вели дека сите поголеми политички кризи во Македонија започнувале со протекување на информации и затоа ова е многу важно при зачленувањето во НАТО.
-Кога ќе станете членка споделувате информации, тие се прилично ригорозни во делот на класифицираните информации. – вели Пендаровски.
Според него, Македонија направила голем чекор како држава со тоа што ја одвоивме Оперативно техничката агенција.
-Директорот на ОТА се бираше со две третини во Парламентот, заедно со опозицијата. – вели Пендаровски.
Тој вели дека во деновите пред финалните гласања за уставните измени се очекува странско влијание со „фејк њуз“.
-Понудија помош и пред референдумот, и ние веќе ја добиваме таа помош. Ние како држава со ресурсите и со знаењето во тие области сме тенки. Имаме тимови од партнерски држави кои ни помагаат во тој дел, и го супституираат нашето почетништво во таа смисла. – рече Пендаровски.