Претседателот Стево Пендаровски за во понеделник во 16 часот свика вонредна седница на Советот за безбедност.
На седницата, како што најави, очекува со детален извештај за состојбата со корона вирусот да учествува министерот за Здравство, Венко Филипче, како и началникот на Генералштабот и сите останати чинители кои ја следат состојбата со новиот вирус.
Како што кажа тој, на состанокот ќе се разговара за состојбата со корона вирусот, како и за сите мерки коишто се на располагање во случај на ескалација на состојбата.
Како опции коишто на државата ѝ стојат на располагање Пендаровски, меѓу другото го посочи и ангажманот на војската, како помош на МВР, без да се прогласи кризна состојба.