Македонија 27. јануари 2021. / 19:45

Пендаровски стана„Holocaust Denier“ : Го намали бројот на убиени Евреи во Македонија

Пендаровски стана„Holocaust Denier“ : Го намали бројот на убиени Евреи во Македонија

Претседателот Пендаровски денеска направи дело кое се смета за кривично според Обединетите Нации а во многу земји е дел од националните законодавства.

Пендаровски преку социјалната мрежа објави дека се потсетува на смртта и страдањето на 6000 Евреи.Со тоа Пендаровски ја негира смртта на најмалку 1144 македонски Евреи кои загинале во нацистичките концентрациони кампови.Зошто претседателот Пендаровски свесно ја намалува бројката од 7144 македонски Евреи на 6000 и со тоа може да биде обвинет за негирање на Холокауст е нејасно.

Во многу држави негирање на геноцидот врз Евреите е кривично дело како што пред законот се одговара и за намалување на бројот на жртвите на Холокаустот нешто тоа денеска го стори Пендаровски”На Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, се потсетуваме на страдањата и смртта на над 6 илјади Евреи. Истовремено, благодарни сме и за преживеаните коишто обновија бројни еврејски заедници, вклучително и во Северна Македонија.
#HolocaustRemembranceDay”, напиша Пендаровски на социјалните мрежи на македонски и англиски јазик и предизвика гнев и кај македонската еврејска заедница но и меѓу еврејски организации низ светот.

За вакво кривично дело во повеќе европски земји било кој функционер ќе мора да си поднесе оставка и ќе се соочи со казна затвор.Во Македонија на потег е јавното обвинителство кое во најмала рака треба да го гони Пендаровски за предизвикување на национална и верска омраза кон Еврејскиот народ.

Дека шансата да се работи за гаф е мала, покажува и истата цифра Пендаровски ја користи и на англиски јазик