Интересна ситуација се случи на крајот од вечерашната дебата на МРТ. На крајот од дебатата, водителот Стојан Трпчевски ги замоли учесниците да си постават прашања помеѓу себе, а кандидатот на СДСМ и ДУИ, смислил трик прашање за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски ја праша Сиљановска, зошто, кога во деведесетите била член на владата не и сметало што земјата го добила меѓународното име ФИРОМ, а сега се противи на Северна Македонија?
Сум била против ФИРОМ, има стенограми на влада кои го потврдуваат тоа. Имаше и расправи помеѓу партијата од која доаѓав (Либерална Партија) и СДСМ за тоа дали е тоа начинот. Секогаш сум била критички настроена па и кога сум членувала во таа влада, одговори Сиљановска.