Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изрази сочуство до претседателот на Француската Република Емануел Макрон по повод загинувањето на 13 припадници на француската војска во Мали.
Во писмото Пендаровски вели дека длабоко бил потресен од веста за хеликоптерската несреќа во Мали и искрено се сочувствува со семејствата на трагично настраданите војници.
-Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ, се вели во писмото на претседателот.
На крајот од писмото претседателот Пендаровкси упатува силна и безрезервна поддршка во здружување на напорите на земјите за акција во глобалната безбедност.