Македонија 08. март 2019. / 15:45

Пендаровски со конзервативна честитка за 8-ми март

Пендаровски со конзервативна честитка за 8-ми март

Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски го честита Интернационалниот ден на жената, осми март.

Тој денеска не се појави на протестниот марш за правата на жените, каде присутни беа неколку негови сопартијци, меѓу кои министрите Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски. Маршот го поддржа дури и кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Пендаровски сепак одлучи со доза на козервативизам, на Фејсбук, да го честита празникот на жената.

– Честит 8 март, останете секогаш инспирација во домот и општеството! – напиша на Фејсбук претседателскиот кандидат.