Во денешното ТВ соочување во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски изјави дека претставниците на „Шарената револуцуја“ со право ја прозиваат неговата противкандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска затоа што за време на режимот, никогаш не излегла со став за злоупотребите и крешењето на законите, ниту пак ги осудила.
Силјановска не беше ниту еден ден присутна за време на „Шарената револуција“. Нема ниту еден јавен збор од Силјановска за поддршка за „Шарената револиуција“. Затоа денеска Силјановска побегна од соочувањето „На Мегдан“. Не ме чуди ставот дека не сака да се гледа со нив. Срам е за Силјановска да кажува „нема правда, нема мир“ кога никогаш јавно не го поддржа, ниту кажа нешто за време на режимот, рече Пендаровски.
Силјановска изјави дека одбила средба со нив затоа што некои од нив биле сега функционери во власта.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски реплицираше дека таму имало илјадници луге кои маршираа, нејзини студенти, и ако е за правда, а не за Груевски, требала да седне да ги слушне и нивните ставови и прашања.