Македонија 11. март 2019. / 13:14

Пендаровски: Северна Македонија ќе биде колатерална штета ако дојде до размена на територии меѓу Србија и Косово

Пендаровски: Северна Македонија ќе биде колатерална штета ако дојде до размена на територии меѓу Србија и Косово

Стево Пендаровски во интервју за хрватски „Jutarnji list“ ги коментира и преговорите меѓу Србија и Косово, како и идејата за размена на територии.

Јас сум еден од ретките политичари од Западен Балкан, кој јавно зборува против таа идеја, која е најлошо нешто што сум слушнал последните десетина години. Во случај Србија и Косово навистина да разменат територии, Северна Македонија и БиХ ќе бидат колатерална жртва. Ние во 2001 година потпишавме договор за мир со Албанците, а претходно за време на преговорите во Охрид беше одбиен предлог за територијално разграничување внатре во Македонија. Тоа беше возможно само затоа што за време на распадот на Југославија и создавањето на новите држави се почитувало правилото некогашните граници да останат државни граници. Ако сега наместо тој принцип се воведе принцип на етничка дистрибуција на народот, тогаш Албанците од Северна Македонија, а многу веројано и Србите во БиХ ќе побараат корекција на границите во тие држави – вели Пендаровски.