На средбата, инфомрираат од Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења и за актуелните состојби во двете земји.
Билатералните односи меѓу двете држави, како и можностите за нивно унапредување во сите сфери од взаемен интерес, особено во економската сфера, културата, образованието и науката, здравството беа тема на разговор на денешната средба на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски со украинската амбасадорка Наталија Задорожњук.
На средбата, инфомрираат од Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења и за актуелните состојби во двете земји, случувањата на регионално и глобално ниво, како и за клучните предизвици со кои земјите се соочуваат во надминувањето на актуелните состојби. Претседателот Пендаровски го истакна интересот и подготвеноста на Република Македонија за интензивирање и унапредување на севкупните односи со Украина.
Односите меѓу Македонија и Украина се темелат врз доверба, меѓусебно разбирање и поддршка, а двете држави споделуваат исти вредности и имаат еднакви определби, членство во ЕУ и во НАТО.