Македонија 06. ноември 2019. / 19:56

Пендаровски се сретна со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент

Пендаровски се сретна со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент

Претседателот, Стево Пендаровски, кој е во официјална посета на Република Италија, денеска се сретна и со Роберто Фико, претседател на Долниот дом на италијанскиот Парламент.

-Двајцата соговорници оценија дека двете земји имаат одлични билатерални односи во повеќе области од взаемен интерес, кои се темелат на заедничка доверба и различни нивоа на институционално партнерство.

На средбата претседателот Пендаровски рече дека високо ја цени континуираната поддршка на италијанската Влада и на италијанскиот Парламент за нашиот пат кон евро-атлантските интеграции, заблагодарувајќи се за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО.

Претседателот Пендаровски, подвлекувајќи ја важноста за натамошно јакнење на меѓу-парламентарната соработка на билатерално ниво преку регионални форуми, додаде дека интензивирањето на соработката помеѓу парламентарните групи е важна алатка за зајакнување на севкупните билатерални односи помеѓу двете земји.

Во таа насока, беше истакната можноста за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу земјите-членки на формираната Група за пријателство во италијанскиот Парламент во која членуваат Италија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот.