Македонија 18. февруари 2020. / 14:08

Пендаровски се сретна со делегација на војската на Италија: Соработката на армиите ќе се интензивира

Пендаровски се сретна со делегација на војската на Италија: Соработката на армиите ќе се интензивира

Претседателот  Стево Пендаровски прими делегација на вооружените сили на Република Италија, предводена од генерал Енцо Вечиарели, началник на Генералштабот.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека претседателот Пендаровски истакнал дека ја цени досегашната соработка помеѓу македонската и армијата на Италија.

На средбата Пендаровски посочил дека очекува соработката на одбранбен план меѓу двете држави уште повеќе да се интензивира со полноправното членство во НАТО Алијансата.

Шефот на државата Пендаровски подвлекол дека за припадниците на македонската армија од особена важност е да продолжи нивната доедукација и посетување тренинзи за усовршување на техниките во рамки на образовните институции во Италија.

– Посочувајќи дека и нашата земја и Армијата можат да понудат соодветни можности за италијанските војници, претседателот Пендаровски искажа верување дека соработката помеѓу двете Армии ќе биде подеднакво успешна, како што тоа е случај со соработката на Северна Македонија и Италија на политичко и на економско ниво – се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.