Македонија 15. March 2019. / 17:10

Пендаровски се повлече од Комитетот за интеграција во НАТО

Пендаровски се повлече од Комитетот за интеграција во НАТО

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски денеска се повлече од учеството во Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.

– Ми беше голема чест и задоволство да го предводам процесот за влез на нашата држава во НАТО Алијансата. Денеска официјално се повлекувам од Комитетот за интеграција во НАТО. Како претседател ќе продолжам посветено да работам за приближување на нашата земја до меѓународната заедница и одржување на односите со нашите соседи и земјите во регионот. Подготвен сум уште попосветено на работам на остварување на врвните државни и национални интереси како што е целосната интеграција во ЕУ и НАТО. – порача Пендаровски.

Тој посочи дека влезот во НАТО е навистина важен и долгоочекуван чекор, којшто освен безбедност и стабилност значи и посилна економија, повеќе странски инвестиции, повеќе и подобри работни места.

– Веќе се видливи резултатите од членството во НАТО. Во 2018 година имавме рекордна сума од 625,5 милиони евра странски инвестиции, што е најмногу во последните 9 години. Членството во НАТО е наследство што ќе го оставиме на идните генерации и истовремено е важен чекор за успешно решавање на сите внатрешни и надворешни предизвици. – заклучи Пендаровски.