Македонија 30. септември 2019. / 20:30

Пендаровски се поднови со костум по мерка од Хузамедин и Џељадин

Пендаровски се поднови со костум по мерка од Хузамедин и Џељадин

Претседателот Стево Пендаровски ќе се поднови со костум по мерка на старите скопски кројачи Хузамедин и Џељадин. Пендаровски ја објави веста и фотографии на социјалните мрежи, на кои е заедно со двајцата мајстори на својот занает.

Ми причинува задоволство што денеска наминав кај кројачите Хузамедин и Џељадин коишто својот занает заедно го печат без малку 4 децении, а во изминативе 22 години успешно го градат својот заеднички кројачки бренд „Иска и Џељо“, и своето знаење им го пренесуваат на двајцата чираци, напиша претседателот Пендаровски.