Македонија 04. јуни 2019. / 14:54

Пендаровски се грижи за европските интеграции на Албанија – ако не почнела преговори, ќе бил разочаран

Пендаровски се грижи за европските интеграции на Албанија – ако не почнела преговори, ќе бил разочаран

Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски и Подгоричкиот клуб, денеска во Скопје, се одржа Регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“.

На неа се обрати и актуелниот претседател Стево Пендаровски кој во своето излагање, наместо да се осврне на интеграциите на Македонија, нашата земја ја стави во пакет со Албанија. Се поставува прашањето, зошто претседател на една суверена држава, би се грижел за европскиот пат на друга суверена држава?

Наместо на бара Македонија да биде тргната од интеграцискиот пакет со Албанија, Пендаровски отворено лобира за нашиот западен сосед.

– Доколку на Северна Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување. Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел. Да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира гражаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион. – рече претседателот Пендаровски.

На конференцијата на Подгоричкиот клуб Пендаровски порача дека регионалната соработка е клучна за развој на нашите држави и овозможува поврзување на сите нивоа.

На конференцијата, покрај поранешниот претседател Црвенковски како домаќин, учествуваат и поранешните претседатели на Албанија Алфред Мојсиу и Реџеп Мејдани, поранешниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ, поранешниот претседател на Косово Фатмир Сејдиу, поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор и поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк, поранешниот премиер на Србија Мирко Цветковиќ, како и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија.