Македонија 24. март 2020. / 10:57

Пендаровски: Самоизолацијата е најдобрата превентива против корона вирусот

Пендаровски: Самоизолацијата е најдобрата превентива против корона вирусот

Претседателот Стево Пендаровски упати порака во врска со заштитата и справувањето со последиците од ширењето на вирусот Ковид-19. 

Во обраќањето претседателот Пендаровски порачува дека самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот и повикува да им се помогне на немоќните и повозрасните.

Како што истакнуваПендаровски, докторите и сестрите, војниците, полицајците и волонтерите се секојдневно на работа.

Во одржувањето на стабилноста на системот огромен придонес даваат и вработените во трговијата, транспортот, услужните дејности, кои и покрај критичната состојба остануваат на своите работни места – потенцира шефот на државата.

Пендаровски истакнува дека додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот.

Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи и да им помогнеме на немоќните и повозрасните. Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме – порачува претседателот на државата.