Македонија 17. февруари 2021. / 11:22

Пендаровски сака јавно да се вакцинира, веднаш по медицинскиот персонал

Пендаровски сака јавно да се вакцинира, веднаш по медицинскиот персонал

Ќе се вакцинирам по медицинскиот персонал и сакам тоа да биде јавно за да може да ги одбиеме сомнежите кон вакцината што некои луѓе ги имаат, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МКД.мк.

Tojпорачува дека политичарите не треба да бидат привилегирани и да им го земаат местото на оние што една година не се излезени од болничките простории.

-Веројатно веднаш по првите категории, по медицинскиот персонал. Сакам да се вакцинирам и јавно за да може да ги одбиеме сомнежите што некои луѓе ги имаат, антиваксерите, кои не веруваат. Инаку не мислам дека политичарите треба да бидат привилегирани. Јас немам проблем и денеска да се вакцинирам, но не треба да бидеме привилегирани и да им го земаме местото на оние што една година не се излезени од болничките простории. Преку ред не е добро, но за подигање на свеста кај населението дека не е страшно и дека нема нуспојави мислам дека треба да го направиме сите, како што го прават многумина во светот, вели претседателот Пендаровски.