Македонија 12. август 2019. / 13:10

Пендаровски: Разочаран сум од Катица Јанева

Пендаровски: Разочаран сум од Катица Јанева

Претседателот Стево Пендаровски е разочаран од специјалната обвинителка Катица Јанева на која безусловно и даваше поддршка.

Да, разочаран сум од Катица Јанева, како човек, рече кусо претседателот на државата одговарајќи на новинарско прашање.

Одговорност, потенцираше тој меѓудругото, мора да има и по хоризонтална и вертикална линија.

Никој не смее да биде над законите во оваа земја, истакна Пендаровски, огласувајќи се пред граѓаните и медиумите за случајот „Рекет“.

Претседателот рече дека е разочаран од тоа што го слушнал во видеата и побара ефективна, брза и темелна истрага.