Претседателскиот кандиат Стево Пендаровски прогласи победа.
-Денеска победивме, победата е огромна. – рече Пендаровски.
По Пендаровски, се обрати премиерот Заев кој рече дека победиле со преку 4000 гласови.
Сепак, победа прогласија и ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова. На страницата на ДИК, резултатите се менуваат од минута во минута и разликата е тесна. Понекогаш води Пендаровски а понекогаш Сиљановска.