Претседателот Стево Пендаровски оствари видео разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Во светло на возобновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски го истакна ставот дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение, кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и во таа насока го поздрави значењето на мисијата што ја има специјалниот претставник Лајчак – соопштија од Кабинетот на Пендаровски.
Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.
Пендаровски го информирал Лајчак за актуелните состојби во земјава и спроведувањето на изборниот процес.