Македонија 26. февруари 2020. / 11:58

Пендаровски: Претседателот Трајковски ќе го паметиме по визијата за успешна Македонија

Пендаровски: Претседателот Трајковски ќе го паметиме по визијата за успешна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 16 години од смртта на поранешниот прв човек на државата, Борис Трајковски, порача дека Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија.

Денеска одбележуваме 16 години од смртта на прерано и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот Кабинет и мои некогашни колеги. Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина. Денеска им оддаваме чест на Претседателот Трајковски и членовите на Кабинетот со полагање цвеќе кај Ротимље и на местата на нивните вечни почивалишта. Слава им, секогаш ќе живеат во нашите спомени – порача Пендаровски на социјалните мрежи.