Македонија 04. декември 2020. / 09:30

Пендаровски пред ОН: Пандемијата како системска закана бара системски одговор

Пендаровски пред ОН: Пандемијата како системска закана бара системски одговор

 Пандемијата како системска закана бара системски одговор. Треба заедно да продолжиме да работиме во создавањето на издржливи, добро управувани, одговорни, отчетни здравствени системи кои им служат на граѓаните, порача претседателот Стево Пендаровски на специјалната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, посветена на пандемијата на Ковид-19 што се одржа вчеравечер по средноевропско време.  

– Пандемијата на КОВИД-19 и натаму претставува најголем ризик за човештвото. Голем број семејства изгубија свои членови, а многу заедници се сериозно погодени. Оваа здравствена криза ги зафати и другите сектори на нашите општества, а економиите претрпеа особено тешки загуби. Со својата здравствена, економска, социјална, хуманитарна и безбедносна димензија, пандемијата е голем тест за нашите земји на начин со каков досега се немавме соочено и нè потсети колку сме меѓусебно поврзани. Со страдањата што ги предизвикува, пандемијата ги разоткри системските слабости и нееднаквости во нашиот свет, рече Пендаровски.