Македонија 26. јануари 2019. / 15:45

Пендаровски потврди дека сака да се кандидира за претседател

Пендаровски потврди дека сака да се кандидира за претседател

Стево Пендаровски, национаниот координатор за НАТО, во телевизиското гостување на Алсат изјави дека лично се перцепира себе си како кандидат а претседател на Македонија со еднаков рејтинг како оној на иборите во 2014-та кога му беше конкурент на Ѓорѓе Иванов.

Мојата претпоставка е дека мојот рејтинг, или мојата поддршка меѓу граѓаните не е битно различна од 2014 година – рече Пендаровски.

Запрашан за тоа што вели неговата анализа во овој момент, тој кажа дека течат неколку анкети по нарачка на СДСМ, и треба да почнат разговорите во владејачката коалиција.   Тој кажа дека досега со Заев не разговарале на темата.

 Заев го има истиот логичен став од 2014. Тој вели дека сака да победи и ќе оди со кандидатот што има најголеми шанси да победи, наведе Пендаровски.