Претседателот Стево Пендаровски денеска во обраќање до граѓаните од Вила Водно најави можно одложување на изборите поради состојбата со корона вирусот.
Според него, нема да биде крајот на светот доколку изборите се одложат за еден месец или два и дека за одложување се зборува и во Србија и други земји.
Тој изјави дека иако не е надлежен по прашањето за изборите, лично тој смета дека треба сериозно да се размисли за прашањето дали е потребно одложување на изборите.
-Една од мерките на владата вели дека не треба да се дозволат ниту приватни собири, не зборуваме за 1000 луѓе, туку за десетина. Замислете во Скопје има гласачки места со 1000-1100 гласачи, значи не можете 700 луѓе да ги имате во иста просторија. Друга работа, што станува со луѓето кои се препорачува да не излегуваат надвор воопшто а имаат право на глас. Ние може да ги ставиме да гласаат во сабота со болните лица, меѓутоа што ако се појават многу повеќе, колку можеме логистички тоа да го покриеме, рече Пендаровски.
Тој потенцираше дека ситуацијата со корона вирусот е без преседан и дека верува дека многу работи ќе бидат појасни по седницата на Советот за безбедност во понеделник, но како што објасни претседателот во нашиот Устав нема предвидено дека во услови на пандемија на светско ниво не може да се оргнизираат избори.
-Не сакам да се сфати дека сега наметнувам мислење. На парламентарните избори гласаат околу милион граѓани на 3000 гласачки места, со изборна администрација од 30.000 луѓе. Јас миллам дека во наредните десет дена политичките лидери треба повторно да се навратат на ова прашање бидејќи приоритет е здравјето на нашите граѓани а не политичките и партиските интереси. Се разбира за тоа мора да има комплетен конзензус и не треба да се брза со таа одлука. Ситуацијата се усложнува во делот на ентузијазмост луѓето да гласаат. Луѓето се плашаат да гласаат бидејќи нашите гласачки места се во затворени простории, објани шефот на државата.
Иако во нашиот закон не е предвидена таква можност Пендаровски напомена дека ситуацијата е исклучително уникатна и во светски рамки не се памети во време на пандемија да се одржуваат избори.