Претседателот Стево Пендаровски се уште стои на ставот дека пописот може да биде одложен за месец до два, но не и за цела година.
Во интервју денеска, тој истакна дека одложувањето на пописот е можно како опција, но само ако партиите се сложат на истото.
-Не барам одложување на година.Само поради аргументите на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, дека поради пандемијата може нема да ви отворат… Ако тоа е проблем, чекајќи ги вакцините, поради страв кај некои граѓани, заради пандемија само, зошто не би го одложиле на месец или два?! Пописот ни е потребен, проблем не е законот, туку терминот. Ако е проблем короната, може владата да размислува за одлагање за месец – два, вели претседателот Пендаровски.
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена јавно го искажа својот став, дека ќе се обидат да соберат граѓански потписи кои ќе бидат наменети за поништување на законот за попис. Тие побараа, поради ситуацијата со коронавирусот, пописот да биде одложен за пролетта 2022 година.