Македонија 25. јули 2019. / 18:00

Пендаровски: Охрабрени сме од оптимизмот на Хан за нашите европски перспективи

Пендаровски: Охрабрени сме од оптимизмот на Хан за нашите европски перспективи

Охрабрени сме од оптимизмот на комесарот за проширување Јоханес Хан за нашите европски перспективи во октомври, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Се надевам дека добивањето на датум за отпочнување на преговори ќе биде реалност која ќе не мотивира да ги здружиме силите како општество да ја испорачаме европската агенда за нашите граѓани. Се согласувам дека мора да продолжиме со реформите, а владеењето на правото да биде во фокусот на нашите напори како држава – сподели преку Фејсбук статус претседателот Пендаровски.