Македонија 18. април 2019. / 19:10

Пендаровски од Валандово : Со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО

Пендаровски од Валандово : Со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО

Пендаровски порача дека Валандово и цела Македонија на 21 април и 5 мај ќе слават победа на опцијата која нуди економски развој, подобар и побогат живот, повисок животен стандард и сигурна иднина.

– Вашиот сограѓанин кој досега недостојно ја извршуваше функцијата претседател, работеше против граѓаните и поддржуваше само една партија. Сите проекти кои носат добро на народот и државата ги кочеше. Противкандидатката Сиљановска има амбиции да биде иста како него и гласот за неа на изборите ќе значи и глас политиките на Иванов да продолжат. Но знам дека граѓаните овде во Валандово, граѓаните низ целата држава нема да дозволат тоа да се случи- порача Пендаровски.

Пендаровски пред граѓаните порача дека со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО и затоа потребно е да се искористи позитивниот момент и да продолжи процесот на интеграција во двата најголеми светски сојузи.

– Затоа, во недела на 21 април масовно да гласаме за број 3, да победи концептот на напредок, на инетргација и развој. Продолжуваме заедно напред- повика Пендаровски.