Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, утрово гостува во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Откако опозицијата обвини дека двајца министри и други членови на државниот врв и Министерството за одбрана не добиле безбедносни сертификати од НАТО, Пендаровски истакна дека ниту еден политичар на локално или централно ниво до сега нема добиено негативно решение за НАТО сертификат.
-Не е точно дека само Пендровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат, истакна Пендаровски во гостување во емисијата Стадион на радио Канал 77.
Тој посочува дека ниту еден политичар не добил негативно решение, или формално бил одбиен од НАТО.
-Вториот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секојпат ти дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ… Tакво нешто нема до сега нема добиено ниту еден политичар на локално или централно ниво.Никој политичар нема добиено негативно решение, или да е формално одбиен од НАТО, вели шефот на државата.
Претседателот исто така зборуваше за борбата против корупцијата и вели дека Владата треба да ги удвои ресурсите.
-Мислам дека Владата мора да ги мобилизира двојно своите ресурси од ова што било. Не велам дека немало напори. Е, сега, бидејќи е таква ситуацијата, ќе губиме време, не треба да оспоруваме, да зборуваме дали е ова перцепција… Перцепција е неспорно, бидејќи насловот на документот е тој-перцепија. Меѓутоа, е доволен индикатор да се замислиме. Перцепција е, бидејќи сами кажуваат дека е – „што мислите..“, бидејќи не ги бројат случаите во суд што завршиле со висока корупција, но мислам дека е крајно сериозен индикaтор и затоа мислам дека Владата треба не само преку вицепремиeрот за борба против корупцијата, туку генерално сите ресурси двојно да ги удвои и да покаже уште поголема од оваа политичка волја и да се фати во костец со тоа зло. Да знaете, ако не е спорот со Бугарија, и ние да претпоставиме дека преговараме со ЕУ, прво е Поглавје 24. Има и други точки, ама тоа е главното борба против висока корупција, вели Пендаровски.
Инаку вчера, во интервју за Радио Слободна Европа, Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески изјави дека околу 200 лица веќе имаат добиено безбедносни сертификати, но сепак десетина биле одбиени, бидејќи се сметаат за ризик или опасност поради нивното минато.