Засега нема потреба од воведување на кризна или вонредна состојба на цела територија на државата, изјави претседателот Стево Пендаровски во изјавата по состанокот на Советот за безбедност, на кој бил информиран за стојбата со коронавирусот во нашата земја.
По речиси два и пол часа на состанокот, министерот за здравство Венко Филипче реферирал за најновата ситуација за која, како што рече, Пендаровски, вестите се позитивни.
-Во Центар Жупа и Дебар има одлична соработка на терен меѓу Армијата и припадниците на Министерството за внатрешни работи како и со локалната самоуправа. Поставеноста на државата е адекватна, ако има потрева можеме да прогласиме кризна состојба, истакна претседателот Пендаровски.
Истовремено Педдаровски апелираше граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните, за заштита од коронавирусот.
“Граѓаните да ги почитуваат препораките и да пратам апел исто така граѓаните да се воздржат од патувања надвор од државата, а тие што живеат надвор од државата, ако немаат потреба, да не доаѓаат во земјава“изјави Пендаровски.