Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање до нацијата рече дека за жал заклучоците на Советот на ЕУ не се во согласност со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците.
Тој истакна дека ниту една одлука не е конечна.
–Заедничка цел е да се осигураат позитивните промени што треба да се случат во процесот понатаму – рече претседателот.
Пендаровски кажа дека нашата држава има искрени пријатели и сојузници.
Тој посочи дека реформите мора да продолжат, справување со организираниот криминал, европските стандарди мора да станат домашни стандарди.
–Не е време за поделби и апатија, ниту пак за негативни чувства кон одредени земји, потребно е единство – потенцираше Пендаровски.
На крај претседателот информираше дека сите лидери позитивно одговориле на поканата за средба во недела.