Претседателот Пендаровски денеска на неговиот официјален твитер-профил, двапати се обиде да му го честита национален празник на чешкиот претседател Милош Зема, и не само што ја згреши државата туку и двапати означи (погрешни) лажни профили.
Во првиот обид, Пендаровски го честита Деност на независноста на Чехословачка, држава која не постои од 1993 година. Покрај тоа, Пендаровски ја пратил пораката до профилот @MilosZeman, кој е лажен профил неактивен од 2012 година.

Во вториот обид, Пендаровски честита на @CzechPresident, лажен профил на чешкиот претседател, што јасно се гледа доколку се отвори профилот.

Глуп и поглуп 3-ти дел: Пендаровски му честита празник на претседателот на Чешка во твит. Ништо необично нели? Аха да. Наместо чешкиот претседател пинга некој рандом трол. Јавноста забележува, тивко го брише првиот твит и уште еднаш честита – повторно пинга погрешен твитер корисник!, напиша Николоски.
Глуп и поглуп 3-ти дел: Пендаровски му честита празник на претседателот на Чешка во твит. Ништо необично нели? Аха да….
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, October 28, 2020