Македонија 31. јануари 2020. / 17:08

Пендаровски на конслултации за спречување одлив на мозоци

Пендаровски на конслултации за спречување одлив на мозоци

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници на Мрежата за спречување  одлив на мозоци што ја сочинуваат седум граѓански оранизации од целата земја кои работат на теми поврзани со развојот на младите, младинските политики и права и младинското информирање.

Претставниците на мрежата на средбата му ги презентирале на Пендаровски податоците од анализата на Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри 2013-2020. Интервјуата коишто биле спроведени со младите и институциите во рамки на анализата покажале дека одредени прашања воопшто не се опфатени во Стратегијата, а тие се групирани во три области: економија, образование и комуникација и мотивација.

– Младите луѓе го информираа претседателот Пендаровски дека нивната цел е да ја подигнат свеста кај институциите и кај граѓаните за проблемот со заминувањето на младите од нашата земја, но и во континуитет да предлагаат мерки и решенија за намалување на одливот на мозоци. Претседателот Пендаровски на средбата повтори дека трендот на заминување на младите, талентирани луѓе од земјава е девастирачки. Исто така, претседателот Пендаровски истакна дека решавањето на овој проблем треба да биде системско, односно со партнерство помеѓу невладините организации и државните институции – соопштија од кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски понудил целосна поддршка за идните проекти на Мрежата за спречување одлив на мозоци затоа што, според него, неопходни се итни мерки и активности коишто ќе придонесат, барем за ублажување на трендот на иселување на млади луѓе од државата.