Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вечерашниот завршен митинг во Битола, на кој присуствуваше премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, побара битолчани в недела масовно да излезат на гласачките места и да го дуплираат бројот на гласовите.
Тој притоа не ја пропушти приликата да каже дека во првиот круг Битола потфрлила според бројот на гласовите за него.
Гласањето за мене значи продолжување на државата по патот за НАТО и ЕУ – изјави Пендаровски.
Пендаровски нагласи дека гласот за Гордана Сиљановска – Давкова е глас за враќање на Груевски и фамилијата на власт.
Тој притоа остро го нападна се уште актуелниот претседател на државата Ѓорге Иванов кој одбива да потпише дури 25 закони кои се поминати во Собранието.