После подолг временски период, Македонија се врати на вистинската патека на европеизација и демократизација, знаете дека долги години бевме заробена држава, знаете дека имавме политички кризи, политички турбуленции, имавме дури и насилен упад во Парламентот, меѓутоа новата влада за релативно кус временски период успеа да ја стабилизира земјата и да ја донесе практично на прагот на НАТО алијансата, рече во денешната изјава за медиуми Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател во Кавадарци.
По добивањето на поканата за влез во Алијансата, минатата година, очекуваме до крајот на оваа година да станеме 30-та земја членка на најмоќниот воено -политички сојуз на светот, изјави Пендаровски.
Сето тоа немаше да биде можно ако не бевме сплотени околу идејата да ја реазлираме најголемата стратешка цел од осамостојувањето до денес, а тоа е сите да застанеме зад прогресивните сили кои имаат тешка битка, поминаа многу препреки и конечно успеаа да ги победат силите на регресот.
Денес, за жал се уште постојат луѓе и политички структури кои мислат дека со нудење алтернатива која значи всушност враќање назад или со блокада на развојот на државата, Северна Македонија може да просперира, изјави Пендаровски.
Наредните претседателски избори треба да покажат дека курсот што Македонија го има заземено е исправен и единствено можен во овој период, и јас би апелирал до сите луѓе кои мислат добро на сопствената земја да гласаат за оваа политичка опција за оваа политичка структура, од која сум и јас самиот дел, која во изминативе година и пол до две, навистина успеа од една заробена држава да направи де факто членка на евроатлантските институции.
Македонија не смее да си дозволи да оди назад затоа што таа опција е најпогубна за сите нас, ако дозволиме да поништиме се што до овој момент сме постигнале, ако ги поништиме сите договори, сите компромиси кои оваа влада успеа да ги направи, мислам дека ќе се вратиме во голема неизвесност, а тоа нема да донесе прогрес за никого, додаде Пендаровски и порача дека Македонија мора да биде дел од напредна, демократска Европа и да биде дел од напредниот и демократски свет.
Северна Македонија не смее да се враќа назад, мора да продолжи напред, да биде дел од напредниот свет, истакна Пендаровски и одговори на неколку новинарски прашања.
На новинарското прашање што може граѓаните да очекуваат од кандидатот за претседател Пендаровски, тој одговори дека е дел од оваа политичка структура кои изминативе две години се обидува да ја врати Македонија на патеката којашто беше пред 15 години.
-Направивме големи и тешки компромиси преземавме голем ризик меѓутоа бенефитите ги гледаме. Во 2018 година, бројката на директни странски инвестиции е 625 милиони евра, што е незабележано во изминативе 15 години во која било година која ќе ја земете како репер. Тоа значи дека политичкото стабилизирање што оваа власт го донесе на земјата и носи и економски благодет. Премногу е ризично иднината на Северна Македонија да ја ставиме во рацете на луѓе кои мислат дека треба да се вратиме назад да поништиме се што е досега направено и да се вратиме пред Преспанскиот договор, пред уставните промени и претпоставувам, дека со тоа сакаат да се вратиме во времето на груевизмот, режим каков што не е забележан во поновата балканска историја. Јас сум еден од оние луѓе кои на следните избори во име на таа политичка структура ќе истрчам пред граѓаните да објаснам дека подобар пат, подобра алтернатива од ова нема, се друго е голем ризик, голема неизвесност, јас мислам дека конечно граѓаните на Северна Македонија заслужуваат подобар живот наместо да се враќаме во неизвесност, дали ќе не биде, дали ќе ја имаме државата, каква ќе биде државата. Ова е патот по кој треба да одиме за жал изгубивме деценија цела чекајќи да го вратиме исправниот курс. Јас мислам дека граѓаните треба да дадат поддршка на сите нас кој се вложивме себеси заедно со граѓаните во еден проект кој значи европска, демократска и прогресивна држава, изјави Пендаровски.
Второто прашање упатено кон Пендаровски беше поврзано со Тиквешијата, што би требало да очекуваат граѓаните од идниот претседател.
Тукушто разговарав со некој од овдешните власти и чув некои податоци кои може само сите нас да не радуваат, не само вие што живеете тука, туку и сите ние кои живееме во другите региони и градови на Македонија. По БДП, во просек ова е практично втора општина во Македонија, по една од скопските општини. Чув дека ја имате една од најмалите стапки, ако не и најмала стапка на невработеност, официјално 5 отсто и мислам дека ако сакаме Македонија да напредува а мислам дека тоа ни е желба на сите нас и да биде еден ден средена и богата европска држава, Кавадарци е една од општините која треба да има посебен третман од било која власт. Сосема независно кој е во владата во Скопје, било која политичка структура, ваквите примери треба само да ги поддржува и да како добар пример ги покажува на сите останати општини и региони во Македонија.