Македонија 07. март 2019. / 09:41

Пендаровски: Консензуален е несреќен избран термин, јас сум заеднички кандидат

Пендаровски: Консензуален е несреќен избран термин, јас сум заеднички кандидат

Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија кој го избра СДСМ заедно со ДУИ, Стево Пендаровски гостуваше на 1ТВ.

Тој при говорењето ги демантираше и СДСМ и ДУИ и рече дека тој не е консензуален кандидат за претседател, иако цело време така го најавуваат партиите.

Мислам дека консензуален не е вистинскиот израз. Бидејќи консензуз е комплетно, што значи дека некој треба да ги добие сите милион гласови и ништо да не оди кон другите. Мислам дека е тоа несреќен избран термин. Мислам дека најдобро е да се каже сум заеднички кандидат на две, три, десет, петнаесет партии, невладини организации итн. Тоа е најпрецизниот термин што значи консензуален, нагласи Пендаровски.