Македонија 23. септември 2020. / 14:42

Пендаровски: Кој сака нека го чествува Гоце Делчев, тоа може само да ни прави поголем мерак

Пендаровски: Кој сака нека го чествува Гоце Делчев, тоа може само да ни прави поголем мерак

Гоце Делчев е македонски револуционер и треба да ни биде чест доколку некој друг народ го чувствува како свој херој, одговори на новинарско прашање денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за бебзедност.

-Тој е македонски револуционер, кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави поголем мерак. Исто е и со Мајка Тереза, нема да се расправаме дали е Албанка или Македонка, изјави Пендаровски во своето обраќање.