Македонија 04. август 2019. / 17:59

Пендаровски ќе летува во Охрид со семејството

Пендаровски ќе летува во Охрид со семејството

Додека премиерот, лидерот на опозицијата, министрите и другите функционери на одмор ќе одат во земјите во регионот и пошироко, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, одморот ќе го помине во Охрид, објави Сител.

Од кабинетот на шефот на државата потврдиле дека Пендаровски ќе летува 7 дена во претседателската вила во Охрид, заедно со семејството.

И премиерот Зоран Заев, кој веќе е заминат на одмор, рече дека ќе го посети Охрид, но за разлика од Пендаровски, претседателот на Владата дел од одморот ќе мине во Грција.